​Слабиот старт пресуди за пораз во Прилеп (35-33)

Ракометарите на Тинекс Пролет oстанаа со празни раце и на второто овосезонско гостување, откако вечерва беа поразени во Прилеп со резултат 35-33. Како пресудни се покажаа катастрофалните први 15 минути на натпреварот во кои домаќинот целосно доминираше. Тиекс Пролет се разбуди, ја намали негативата, но немаше сили за целосен камбек во натпреварот.

Матлиески имаше причина за загриженост откако неговиот тим во првите пет минути не постигна ниту еден гол, па побара тајмаут при негатива од 3-0. Работите не се подобрија, напротив, кризата во таборот на Тинекс Пролет продолжи па Прилеп имаше 7-2 во 9. Минута, а три минути подоцна домаќините поведоа и со 9-2, за нов тајмаут на Матлиески.

Прилепчани имаа 12-5 во 16. Минута, кога Тинекс Пролет ја искористи предноста од играч повеќе и набрзина намали на 12-7. Голема шанса за целосен камбек беше пропуштена кога при 14-10 не беше реализиран пенал за „минус три“, по што Прилеп се врати во ритам и на одмор се замина со 18-14.

Домашниот состав знаеше како да го контролира резултатот и во вториот дел, Тинекс Пролет за момент намали на 25-23, но следеше тајмаут и два гола во низа на прилепчани по кои домашниот тим рутински го приведе мечот до крај и конечните 35-33.

Мајнов, Стоилевски и Палевски постигнаа по шест погодоци за Тинекс Пролет, додека пет гола реализираше Марко Мишевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести