​Матлиески: Верувам во успешна сезона на Тинекс Пролет

Екипата на Тинекс Пролет подготвена ќе го дочека стартот на новата суперлигашка сезона и саботниот дуел со Тиквеш. Тренерот Никола Матлиески е задоволен од сработеното во подготвителниот период, во исчекување на стартот на суперлигашките возбудувања.

„Зад нас е подготвителен период што добро го одработевме, одигравме пријателски натпревари што беа искореистени за темпирање на формата. Задоволен сум од залагањето на ракометарите, од нивната желба за работа и за постојан напредок, што е важен предуслов за добри резултати. Подготвени го дочекуваме стартот на сезоната и верувам во успешна сезона за Тинекс Пролет“, вели Матлиески.

Тимот претрпе одредени промени, сезонава ќе ја стартуваме без ниту еден странец во ростерот, а планот на стручниот штаб е во натпреварите да бидат вклучувани и играчи од кадетската екипа.

„Тинекс Пролет е тим што отсекогаш им давал шанса на младите македонски играчи, тоа ќе биде случај и овојпат. Како што беше случај и ланската сезона, планот е повторно одредена минутажа на нашите натпревари да добијат и играчите од кадетската екипа, кои на тој начин би почнале да собираат и искуство во сениорскиот ракомет. Тимот што го имам на располагање е склоп на искусни и на млади играчи што се надевам дека успешно ќе го искомбинирано. Она што ме радува е желбата за напредок и напорната работа, јас како тренер го забележувам индивидуалниот напредок кај сите ракометари, сега ни останува тоа да го вклопиме во еден квалитетен колектив“, истакнува стратегот на Тинекс Пролет.

Првиот меч од новата сезона избраниците на Матлиески го играат веќе в сабота, на домашен терен со Тиквеш (19 часот, сала „Македонско Сонце“).

„Тиквеш е тим што апсолутно го почитуваме, тие се составени од квалитетни играчи и сигурно ќе дојдат овде во обид да стигнат до бодовите. Дури и би им ја препуштиле улогата на благи фаворити, но ние сме Пролет и верувам дека особено на домашен терен треба да стигнуваме до бодови на вакви натпревари. Го имаме анализирано противникот од подготвителните натпревари летово, подготвени ќе го дочекаме овој дуел, верувам во добра игра и позитивен резултат. Како што реков, цел мора да ни биде да победиме на што повеќе натпревари на свој терен“, порачува Никола Матлиески.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести