Тинекс Пролет го освои третото место на турнирот „Миле Нешкоски'

Тинекс Пролет го освои третото место на традиционалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп откако нашиот тим по голема борба, дури по изведување на пенали славеше во малото финале против Тиквеш, со конечни 29-27 (по 60 минути игра резултатот гласеше 24-24.
 
Целиот натпревар мина во израмнета борба, скопскиот суперлигаш подобро отвори и набрзина поведе со 3-1, но кавадарчани експресно се вратија, па на одмор се замина со израмнети 12-12. Во ист ритам се продолжи и во вториот дел, во кој Тинекс Пролет на една минута до крајот успеа да израмни на 24-24, потоа и умешно да се одбрани, по што овој натпревар беше решен во пенал-рулет.
 
Мајнов, Мишевски Крстески и Дамчевски сите беа прецизни за Тинекс Пролет,  пред Јовиќ да стави печат на победата, благодарение на одбранетиот пенал на новиот голман Солев.
 
Дрпљанин со шест гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет во овој триумф, додека по пет постигнаа Мајнов и Јовиќ, а со четири погодоци мечот го заврши Мишевски.

Тинекс Пролет одигра квалитетен меч, напредокот во формата на секој нов натпревар е и повеќе од очигледен, а Матлиески мора да биде задоволен од прикажаното, воедно и свесен дека постои простор за уште поголем напредок во играта на оваа екипа. Тиквеш ќе биде ривал на Тинекс Пролет во борбата за висок пласман сезонава, а квалитетот на прикажаната игра на денешниот дуел е показател дека формата се движи во вистински правец во пресрет на официјалниот старт на сезоната.

Како клуб изразуваме благодарност до РК Прилеп за поканата повторно да бидеме дел од овој традиционален турнир.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар20
2Е. Пелистер19
3Алкалоид18
4Охрид17
5Бутел11
6Тиквеш10
7Е. Пелистер 210
8Тинекс Пролет9
9Прилеп8
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести