Тинекс Пролет подобар од Црвена Звезда (28-25)

Тинекс Пролет ќе игра во мечот за третото место на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп откако нашиот тим славеше во денешниот дуел против Црвена Звезда со резултат 28-25. Избраниците на тренерот Матлиески експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Е. Пелистер 2 во првото коло од овој турнир, одиграа одлично против ривалот од Србија и заслужено се радуваа на првата победа на овој натпревар.
 
Тинекс Пролет подобро го почна натпреварот, па по раното водство на противникот од 1-2 следеше импресивна серија од пет гола и брза позитива од „плус четири“ (6-2). Избраниците на Матлиески имаа 7-3, по што противникот за момент се приближи, најпрвин на 7-5, а потоа и на 8-7. Лука Јовиќ постигна важен гол од крило и Тинекс Пролет ја врати сигурноста, го исконтролира резултатот до крајот на полувремето и на одмор замина со предност од 15-12.



Одбраната функционираше одлично и не му дозволи на српскиот тим да постигне ниту еден гол, па во 35. Минута нашата предност изнесуваше 17-12. Црвена Звезда не се предаде, успеа и да стигне до израмнување од 19-19, но Тинекс Пролет имаше одговор, повторно се одлепи резултатски и на крајот заслужено славеше со конечни 28-25.
 
Давор Палевски со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, пет пати прецизен беше Стојановски, четири погодоци беа дело на капитенот Ласко Андоновски, додека младиот Лука Јовиќ три пати ја затресе мрежата на Црвена Звезда.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести