Тинекс Пролет означи старт на подготовките за новата сезона

Тренерот Никола Матлиески денеска ја одржа првата прозивка, со што беше означен стартот на подготовките за новата сезона. 

Амбициите се исти како и во претходните години - пласман во плејоф натпреварувањет, а желба на сите во стручниот штаб и во играчкиот кадар е да се стигне до место во Топ 6 и потоа да се разигрува за највисок пласман со најдобрите екипи во македонскиот ракомет.

Подготовките за новата сезона ќе се одвиваат во Скопје, а планот е да се работи во засилено темпо, со два тренинзи дневно.



Првиот пријателски натпревар Тинекс Пролет ќе го игрра на 16 август против прволигашот Мулти Есенс, по што ќе следи настапот на турнирот „Миле Нешковски“ во Прилеп, каде прв противник ќе ни биде тимот на Еурофарм Пелистер 2, а ќе одиграме и меч со српскиот тим Црвена Звезда. Турнирот во Прилеп ќе трае до 24 август, секоја екипа ќе одигра по три натпревари, по што екипата ќе се врати назад во Скопје, каде се очекува да одигра уште најмалку еден меч до стартот на новата суперлигашка сезона.

Тинекс Пролет во рамките од првото суперлигашко коло од новата сезона ќе го пречека тимот на Тиквеш.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести