Тинекс Пролет со четири нови засилувања за наредната сезона

Екипата на Тинекс Пролет се засили со четири нови ракометари во пресрет на претстојната натпреварувачка сезона во која нашиот тим повторно ќе биде дел од Супер-лигата.

Поранешниот македонски репрезентативец Марко Мишевски е нов ракометар на Тинекс Пролет откако потпиша договор. Мишевски, кој настапува на бековската позиција, е поранешен играч на Металург и Вардар, а како член на „црвено-црните“ стигна и до трофеј во Лигата на Шампионите. Последниот ангажман го имаше во Франција, а овој трансфер претставува негов камбек во мак-ракометот.



Марко Трајковски е ново име во таборот на Тинекс Пролет откако 23-годишниот пивот го стави својот потпис и се враќа назад во клубот за кој настапуваше како младинец. Тој минатата сезона ги бранеше боите на Борец Велес, а претходно има настапувано и за Бутел, Јуниор КВ, Тиквеш, Голден Арт...



Бојан Солев е нов чувар на мрежата кој заедно со Даскалоски и со Трајков ќе го сочинува голманското трио во Тинекс Пролет. Станува збор за голман роден 2000 година кој минатата сезона настапуваше во Борец Велес, а претходни имаше неколку ангажмани во пониските германски лиги.



Квартетот на засилувања го заокружуваме со Кристијан Давитковски, искусниот десен бек кој до пред две години ги бранеше боите на Тинекс Пролет, потоа реши да се пресели во Бутел од каде сега се врати назад во нашиот тим.



Во однос на ланскиот играчки ростер, тимот летово го напуштија пивотот Стефан Атанасовски и голманот Андреј Петковски, на кои им посакуваме многу среќа во следните чекори во кариерата.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести