Фантастично второ полувреме за заслужен триумф над Прилеп (23-21)

Тинекс Пролет повторно е осамен на чело на табелата во плејаут натпреварувањето откако избраниците на тренерот Матлиески вечерва славеа над Прилеп со резултат 23-21. Мечот го одбележаа бројни осцилации во играта на Тинекс Пролет, но клучен се покажа супериорниот старт на вториот дел во кој нашиот тим не само што го сврте резултатот во своја полза, туку и стигна до предност што се покажа недостижна за гостите.

Почетното водство од 1-0 беше единственото што Тинекс Пролет го имаше во првото полувреме од овој натпревар. Прилепчани доминираа во овој дел од мечот, имаа најубедливи „плус пет“ (5-10), но Тинекс Пролет успеа да се разбуди пред крајот на полувремето и преку Атанасовски намали на 10-12. Тоа беше најава за одличното второ полувреме, во кое Тинекс Пролет стартуваше со шест постигнати и ниту еден примен гол, набрзина поведувајќи со 16-12. Домашниот состав стигна и до најубедливи плус седум (20-13), но падот на концентрацијата откако победникот веќе беше решен придонесе гостите пред самиот крај да намалат на само два гола конечна негатива (23-21).

Ласко Андоновски одигра капитенски и со седум гола го предводеше Тинекс Пролет на овој натпревар, шест погодоци постигна Андреј Стојановски, зад кого следеа Димковски со четири и Шилегов и Атанасовски со по два гола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести