Супер-пресврт за триумф во Радовиш и зацврстување на лидерската позиција (24-26)

Ракометарите на Тинекс Пролет со победа од 24-26 го заокружија секогаш незгодното гостување во Радовиш во 5. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија. Триумф и за зацврстување на првата позиција на табелата по пет одиграни натпревари.

А, натпреварот почна негативно за момците на Матлиески во првото полувреме во кое Радовиш во два наврати имаше предност и од дури осум гола, 12-4 и 13-5.

Сепак, демонстрирајќи максимален карактер и борбеност со одлична серија, нашите ракометари најпрво уште на полувремето дојде до негатива од само 14-12. А, во серија од 0-8, на почетокот од второто полувреме дојдоа и до предност од 14-15.

Во продолжението низ игра гол за гол, Тинекс Пролет ја одржуваше предноста од еден до два гола, за да во 55. минута дојде и до водство од 22-25 што веќе го означуваше патот до победа, на крајот и за конечни 24-26.

Најефикасен во нашата екипа беше Ласко Андоновски со шест гола а по пет запишаа Андреј Стојановски и Давор Палевски. Четири гола постигна Стефан Атанасовски. Кај Радовиш се истакна искусниот Ивица Илиев со седум погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово9
4РК Струга6
5РК Радовиш4
6РК Фруит Ленд Борец4

Најнови вести

Архива на вести