Кадетите на Тинекс Пролет броеја до 50 во најновата победа

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет продолжува со одличните настапи, откако нашите млади ракометари забележаа нова импресивна победа, овојпат на домашен терен против градскиот ривал Скопје со убедливи 50-28.

Кадетите на Тинекс Пролет одиграа импресивен меч доминирајќи во нападот од првата до последната минута, покажувајќи карактер и не дозволувајќи ритамот да опадне во ниту еден момент од натпреварот. Гостите парираа само до 5-4, по што нашите играчи ја презедоа контролата, набрзина поведоа со 14-7, а потоа на одмор заминаа со 25-13.

Убедливото водство беше задржано и во текот на второто полувреме, избраниците на Тотиќ и на Матлиески не само што ја задржаа двоцифрената позитива, туку и успеаја во финишот таа да ја надмине границата од 20 гола, на крајот славејќи со преубедливи „плус 22“.

Деспотовски со седум гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет, шест постигна Александров, а мора да се истакне и одличната игра на Мартин Стојановски, членот на нашата пионерска екипа кој доби шанса за кадетите и блесна со шест погодоци, сите во второто полувреме.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести