Пораз од Бутел за крај на Супер-лигата (23-21)

Ракометарите на Тинекс Пролет загубија со 23-21 на гостувањето против Бутел во последното коло од Супер-лигата. Вообичаено за пресметките на овие скопски ривали, повторно одбраните беа во главна улога, а Тинекс Пролет може да жали ако се знае дека во долги периоди целосно му парираше на противник, на моменти беше и подобар ривал, но падот на концентрацијата во финишот беше скапо платен.

Првите 30 минути донесоа израмнета игра во која и двата се менуваа во водство. Откако во првите девет минути постигнаа само по два гола, екипите влегоа во ритам во продолжението, Стоилевски беше во главна улога кај Тинекс Пролет, а нашиот тим имаше предност од два гола (7-9, 8-10). Противникот се врати и на одмор се замина со израмнети 13-13, по што се продолжи со „егал-игра“ и во второто полувреме. На десет минути до крајот Тинекс Пролет имаше предност од 18-19, но завршницата му припадна на домашниот тим.

Во последните 10 минути гостите два пати имаа по две минути играч повеќе, но не успеаја да ја искористат оваа предност. Последната шанса за камбек беше пропуштена на помалку од три минути до крајот, кога при 21-20 Палевски не успеа да реализира за израмнување, по што Бутел го приведе мечот до крај, триумфирајќи со конечни 23-21.

Стоилевски со пет гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет, четири погодоци постигна Палевски, а со по три гола мечот го завршија Атанасовски и Василевски.

Со освоеното седмо место во Супер-лигата, Тинекс Пролет ќе пренесе најмногу бодови во плејаут натпреварувањето, каде од избраниците на тренерот Матлиески се очекува да останат на врвот во плејаутот, како најава за уште подобри резултати во следната натпреварувалка сезона. 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово5
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести