Палевски: Ремито со Охрид ја крева самодовербата

Ракометарите на Тинекс Пролет одиграа одличен натпревар против Охрид во кој ги замрсија сметките на големиот фаворит, на крајот ремизирајќи со конечни 23-23. Тоа беше меч во кој Тинекс Пролет одигра перфектно прво полувреме и имаше предност од 12-8, гостите се вратија и направија пресврт, но нашиот тим покажа карактер и со голот на Мајнов се избори за бод.

Она што е најважно, прикажаната игра позитивно влијае врз атмосферата во тимот откако на ракометарите им стана јасно дека мора да го кренат нивото во однос на претходните дуели во кои играа под своите можности.

„Ова беше можеби и нашиот најдобар натпревар оваа сезона. Она што го трениравме цела недела успеавме да го спроведеме на терен, бевме цврсти во одбраната, дисциплинирани во нападот и тоа ни донесе резултат. Задоволни сме од освоениот бод против ривал како Охрид, особено ако се знае какви грешки правевме на изминатите натпревари оваа сезона. Овој резултат е доказ за квалитетот на Тинекс Пролет и сигурно добро ќе ни послужи за кревање на самодовербата пред наредните натпревари како во Супер-лигата така и во плејаутот“, изјави Давор Палевски, еден од најдобрите ракометари на Тинекс Пролет оваа сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести