Тинекс Пролет е домаќин на засилениот Охрид

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска ќе се обидат да стигнат до првата победа во 2025 година, но предизвикот воопшто нема да биде наивен. Во 18 часот во нашата сала „Македонско Сонце“ доаѓа тимот на Охрид, кој е сериозно засилен и со зголемени амбиции влезе во новата сезона.

Охриѓани во минатото коло во самиот финиш потклекнаа пред шампионот Еурофарм Пелистер, квалитетот што го поседува тимот на тренерот Алушовски е на највисоко ниво, но Тинекс Пролет сигурно со сопствени математики ќе влезе во овој дуел. Шансите за влез во плејофот се практично загубени, но тренерот Матлиески и ракометарите се максимално мотивирани, токму против силен ривал како Охрид да ги покажат своите квалитети. 

Едно е сигурно, за позитивен резултат на денешниот натпревар неопходно ќе биде да се одигра далеку подобар напад отколку што тоа беше случај минатиот викенд на гостувањето против Куманово.

„Знаеме каков предизвик е пред нас, Охрид е тим со сериозен буџет и бројни квалитетни засилувања што беа доведени сезонава. Тие ќе очекуваат победа, но и Тинекс Пролет ќе се прашува нешто околу тоа. Знаеме дека имаме квалитет и дека можеме да играме многу подобро од она што го демонстриравме досега, би сакале токму против Охрид да го покажеме нашето вистинско лице. Цврста одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што го краси Тинекс Пролет неколку сезони наназад и доколку одиграме на посакуваното ниво и во двата правци можеме да се надеваме на позитивен резултат, без оглед што против себе денеска ќе имаме квалитетен противник“, порачуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести