Андоновски: Го почитуваме Куманово, но одиме по победа на ова гостување

Тинекс Пролет продолжува со суперлигашките настапи оваа натпреварувачка сезона со денешното гостување против екипата на Куманово (17 часот). Избраниците на тренерот Матлиески одработеа квалитетно на тренинзите во изминатите седум дена, се со цел максимално подготвени да влезат во денешниот дуел и да стигнат до посакуваната цел - победа.

Кукмановци имаат само една победа во последните пет кола од Супер-лигата, на првиот дуел со овој ривал триумфиравме со 28-25, но на сите во таборот на Тинекс Пролет им е јасно дека не смее да дојде до опуштање ако се сака да се стигне до посакуваниот резултат.

„Сакаме да ја забележиме првата победа во 2025 година. Вардар беше пресилен ривал на првиот меч, но овојпат ситуацијата е поинаква, се среќаваме со ривал со кого можеме да се надигруваме и кого можеме да го победиме. Свесни сме дека Куманово е тим што игра многу подобро на домашен терен, затоа ќе мораме да бидеме максимално внимателни. Слободно можам да кажам дека противникот нема да биде потценет, ние со респект гледаме на Куманово свесни дека само со максимална ангажираност ќе можеме да стигнеме до победата. Клучни ќе бидат цврстината во одбраната и дисциплината во нашиот напад, ако го одиграме она што е поставено како план од стручниот штаб верувам дека ќе се радуваме на крајот“, вели капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести