Тинекс Пролет со нови две засилувања

Тинекс Пролет продолжува да ги засилува своите редови за вториот дел од сезоната, ангажирајќи двајца нови млади ракометари во својот табор.

Стефан Јовевски е член на нашиот клуб откако беше потпишан договор за соработка со овој 19-годишен ракометар. Јовчевски настапува на позицијата пивот и досега беше член на тимот на Бутел, од каде му се приклучува на РК Тинекс Пролет.

Покрај него, договор со нашиот клуб потпиша и Јован Фичорски, ракометар кој претходно беше дел на младинската екипа на Тинекс Пролет, имаше и настапи за првиот тим на Пролет. Тој мина неколку месеци во редовите на Скопје, но од вчера повторно е член на нашиот клуб.

За потсетување, Тинекс Пролет во претходните денови потпиша договори и со пивотот Стефан Атанасовски и крилото Никола Стоилевски, кои ќе му бидат на располагање на тренерот Матлиески за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово9
4РК Струга6
5РК Радовиш4
6РК Фруит Ленд Борец4

Најнови вести

Архива на вести