Стоилевски е ново засилување за Тинекс Пролет

Никола Стоилевски е најновото засилување за тимот на Тинекс Пролет, откако нашиот клуб потпиша договор со 25-годишниот ракометар.Стоилевски настапува на позицијата десно крило и дополнително ќе ја засили конкуренцијата во тимот предводен од тренерот Матлиески.

Негов последен клуб беше РК Охрид, а претходно во кариерата ги има брането боите на првиот и на вториот тим на Битола. Минатата година Стоилевски настапуваше и на неколку пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.

Му посакуваме на Никола Стоилевски добредојде во семејството на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести