Матлиески повторно на клупата на Тинекс Пролет

Никола Матлиески е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, откако раководството на нашиот клуб се реши за ангажман на добро познато име на клупата, по шокантната смрт на Александар Јовиќ.

Матлиески е тренер што многу добро го познава Тинекс Пролет, тој седеше на клупата на овој тим од 2017 до 2021 година, кога си замина, а на негово место пристигна Зоран Кастраовиќ, но самиот Матлиески даде огромен придонес во освојувањето на третото место, што е најдобар пласман на Тинекс Пролет од формирањето на Супер-лигата.

Тој потпиша долгорочен договор со Тинекс Пролет, по што синоќа го одржа и првиот тренинг со екипата. Во ситуација кога Тинекс Пролет го очекува учество во плејаут, зацртана цел е опстанокот да биде рутински осигуран, но и да се создаде позитивна атмосфера во пресрет на предизвиците што ќе го очекуваат нашиот клуб во наредната сезона.

Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести