Меч за паметење на Мартин Стојановски: 15 гола во победата над Куманово

Пионерите на Тинекс Пролет се искачија на третото место на табелата во својата група по триумфот над Куманово, меч што мина  во знакот на нашиот нов ракометен бисер Мартин Стојановски.

Одличниот среден бек одигра меч за паметње, успевајќи да постигне фантастични 15 погодоци, повеќе од половина од головите на Тинекс Пролет на овој натпревар (26-22). 



Стојановски беше незапирлив за кумановци, реализирајќи ги трите седмерци за нашиот тим, како и дополнителни 12 погодоци од игра со кои го предводеше тимот на Тинекс Пролет до победа на овој натпревар.

Тинекс Пролет со оваа победа се искачи на третото место во групата, зад Вардар и Алкалоид, а пред екипите на Куманово и на Бутел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести