Димковски успешно опериран по повредата

Нашиот ракометар Томислав Димковски беше успешно опериран по повредата што ја заработи на еден од последните натпревари во оваа календарска година.

Повредата на рамото беше од посериозен карактер, па мораше да биде извршен хируршки зафат што успешно беше реализиран во клиника во Софија. Димковски се чувствува добро по операцијата, а неговиот камбек на терените го очекуваме за најмалку два месеца. 

Ракометниот клуб Тинекс Пролет му посакува брза и успешна рехабилитација на Димковски, се гледаме на терен во 2025 година.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести