Тинекс Пролет на мегдан со шампионот Пелистер

Ракометарите на Тинекс Пролет влегуваат во пеколен ритам на натпревари, па денеска ги очекува нов огромен предизвик - дуел на домашен терен против екипата на Еурофарм Пелистер (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“).

Шампионот влегува со голема самодоверба во овој натпревар откако викендов славеше на дербито против Вардар и нема дилема дека битолчани ќе сторат се за да слават во Скопје за да останат во игра за првото место во Супер-лигата. Од друга страна, Тинекс Пролет без резултатски притисок ќе влезе во натпреварот, со јасна желба да го даде максимумот и да се обиде да го изненади шампионот.

„Дуелите со најдобрите екипи во македонскиот ракомет секогаш се мотив да се даде најдоброто од себе,така ќе биде и на денешниот натпревар. Се среќаваме со актуелниот шампион, тим што игра одлично под водство на новиот тренер и секако овој дуел ќе биде голем предизвик за нас. Нема резултатски притисок, но постои голема желба да одиграме квалитетен натпревар и да го потврдиме квалитетот што го поседуваме. Мораме да бидеме дисциплинирани во нападот и цврсти во одбраната ако сакаме достојно да се спротивставиме, едно е сигурно, нема да се предадеме без борба на овој натпревар“, порачуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот меч со битолчани.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести