Реми по примен гол во финишот во Велес (25-25)

Тинекс Пролет го забележа и четвртото реми оваа сезона во Супер-лигата (најмногу во елитното ракометно друштво) откако тимот предводен од Александар Јовиќ по голема битка одигра само 25-25 на гостувањето во Велес против тимот на Борец. Нашите ракометари имаат за што да жалат ако се знае дека прокоцкаа убава предност во финишот, за на десетина секунди до крајот да примат гол што значеше реми на овој драматичен дуел.

Тинекс Пролет имаше проблеми со нападот на стартот, Борец по првите пет минути имаше предност од 2-0, но Стојановски со два брзи гола го врати мечот во егал. Се играше израмнето на двете страни, екипите се менуваа во водство, а на одмор се замина со 12-12 со голот на капитенот Андоновски, четврти за искусниот ракометар на Тинекс Пролет во првото полувреме.

Вториот дел повторно почна со два гола на домашниот состав, но Тинекс Пролет набрзина ја консолидираше својата игра. Во ритам во нападот влезе Бахар кој стрелаше прецизно и од игра и од пенал, неколку одлични интервенции имаше Петковски, па Пролет успеа да го врати резултатот во своја полза. Пресуден на крајот беше промашениот пенал на Бахар при 21-23, со кој можеше да се стигне до „плус три“ и мирен финиш. Домашниот голман Паунов во следниот напад одбрани уште еден заицер, а Борец го искористи тоа и успеа и да поведе со 24-23. 

Пивотот Глигоров блесна кога беше најважно, постигнувајќи два гола во последните две минути за предност на Тинекс Пролет од 24-25. Гостите одиграа квалитетна одбрана во последниот напад на Борец, но Стојановски погоди речиси од мртов агол од крило и донесе голем бод за велешани, за конечни 25-25.

Бахар беше прво име на овој натпревар со 12 постигнати погодоци, додека по четири гола за Тинекс Пролет постигнаа Андоновски, Глигоров и Стојановски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести