Палевски: Подобри сме од она што го покажуваат резултатите, ќе го докажеме тоа против Струга

Тинекс Пролет ќе мора што побрзо да го остави зад себе разочарувакиот пораз од Тиквеш и веќе на денешниот дуел со Струга да се врати на победнички патеи. Избраниците на Јовиќ имаат мотив плус ако се знае дека во првито круг од натпреварувањето беа шокирани од Струга, губејќи со 34-29, па сега сакаат да го вратат септемврискиот долг.

Лекцијата со потценувањето на овој противник е веќе научена, а ракометарите се свесни дека само со максимално ангажирање ќе можат да стигнат до посакуваните бодови.

„Атмосферата во тимот е на високо ниво без оглед на последниот пораз во Кавадарци. Знаеме дека имаме квалитет за подобри резултати од она што го покажавме досега и сакаме тоа да го потврдиме и на терен, почнувајќи од денешниот натпревар со Струга. Направивме голем „кикс“ со стружани на стартот од сезонава и ова е добра можност да покажеме дека тоа беше само наш лош ден и дека сме подобра екипа од нив. Нема да биде лесно, мора да се биде сконцентриран во текот на сите 60 минути, мислам дека клучно ќе биде да одиграме квалитетна одбрана, што би ни овозможила и лесни голови на спротивната страна“, изјави Давор Палевски во пресрет на денешниот дуел.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести