Пораз на тешкото гостување во Кавадарци против Тиквеш (23-19)

Тинекс Пролет не успеа да направи подвиг и да триумфира на вечерашното гостување против Тиквеш, каде избраниците на тренерот Александар Јовиќ по голема борба загубија со резултат 23-19. Стануваше збор за пресметка со директен ривал за шестото место во која Тинекс Пролет на периоди покажуваше импресивно издание во одбраната, но осцилациите во текот на мечот повторно беа главен фактор поради кој нашиот тим не дојде до цел плен на еден суперлигашки натпревар.

Ласко Андоновски ги постигна првите два гола за Тинекс Пролет во Кавадарци, за 1-1 и 2-2, а по седмерците на Бахар нашата екипа поведе со 3-5, благодарение и на неколкуте одлични интервенции на голманот Петковски. И тогаш - огромен пад во играта и период од десет минути без ниту еден гол (имаше и промашен пенал на Бахар). Тиквеш даде шест гола во низа и поведе со 9-5 пред Стојановски конечно да ја прекина серијата на домашниот тим, а домаќините потоа знаеја како да ја задржат удобната предност до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со 14-10. 

Почетокот на второто полувреме повторно донесе израмнет ракомет, во кој Тинекс Пролет во првите десетина минути беше и подобар противник. Одбраната на чело со одличниот Петковски функционираше одлично само до 16-14, резултат при кој не беше реализиран и седмерец за Тинек Пролет, по што ситуацијата на теренот значително се промени. Тиквеш повторно ја зголеми предноста, одлепувајќи се на „плус четири“ (18-14), потоа и на „плус шест“ (21-15), по што домаќините рутински го приведоа мечот до крај.

Ласко Андоновски постигна четири гола на овој дуел, исто толку имаа и Палевски и Бахар, три постигна Стојановски, а два Доне Мајнов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести