Во драматичен финиш, со гол примен на осум секунди пред крајот, испуштена победа над Прилеп (23-23)

Во крајно возбудлив натпревар во првото коло од вториот круг натпревари во Суперлигата на Македонија, ракометарите на Тинекс Пролет ремизираа (23-23) пред своите навивачи со екипата на Прилеп. Нашите ракометари испуштија триумф на мечот, по гол примен на само осум секунди пред крајот на натпреварот.

Избраниците на Александар Јовиќ во спортската сала „Македонско Сонце“ лошо го почнаа натпреварот, дозволувајќи гостите по само 13 минути игра да дојдат до предност од 5-8, која ја одржуваа до крајот на полувремето. На паузата ракометарите на Прилеп заминаа со предност од 12-14.

Во второто полувреме, повторно почетокот далеку од посакувањата. Прилепчани повторно наметнаа силен ритам и по само пет минути во вториот дел дојдоа до предност од 13-17, па и до 14-18. За да, конечно, следува вистинската игра на Тинекс Пролет, агресивно во одбраната со што се блокираа претходно разновидните акции на гостите. Низ таква игра брзо дојде до анулирање на предноста на гостите, па на десет минути пред крајот конечно и израмнување на натпреварот (20-20). Следеше продолжување на ритамот, па и предност од 22-20 на три минути пред крајот на дуелот.



Но, во финишот се влезе во крајно неизвесна завршница. Ракометарите на Јовиќ на една минута пред крајот дојдоа до предност и од 23-21, по што следеше сосема неочекувана деконцентрација низ последните 60 секунди. Најпрво Прилеп намали на 23-22, нашите ракометари имаа напад за сигурна победа но не успеаја да реализираат, а потоа следеше и погодокот на левиот бек на гостите Цветаноски, на само осум секунди пред крајот, за конечни 23-23.

Димковски и Бахар беа најефикасни во нашиот состав со по шест погодоци, а исто толку голови постигнаа и Цветаноски и Рајатовски кај Прилеп.



И првиот меѓусебен натпревар на двете екипи сезонава, во Прилеп, заврши без победник.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести