Пионерите на Тинекс Пролет до голема победа во Куманово

Пионерскиот тим на Тинекс Пролет (генерација 2010) забележа значајна победа на гостувањето против Куманово, триумфирајќи со резултат 20-22. 

Избраниците на тренерот Филип Василевски одиграа доминантно во првото полувреме, поведувајќи со 10-14. Добрата одбрана го красеше нашиот пионерски тим и до крајот на натпреварот, па Тинекс Пролет заслужено ги освои бодовите на овој натпревар.

Мартин Стојановски со 10 гола беше најдобар подинец на овој натпревар, а на голот на Тинекс Пролет блескаше МаксимТрајковски со 12 успешни интервенции.

Тинекс Пролет по оваа победа се наоѓа на делба на втората позиција во групата заедно со пионерскиот состав на Алкалоид.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар20
2Алкалоид18
3Е. Пелистер15
4Охрид13
5Бутел11
6Тинекс Пролет9
7Тиквеш8
8Е. Пелистер 26
9Прилеп6
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести