Андоновски: Ако дадеме 100% од себе, ќе стигнеме до бодови во Радовиш

Тинекс Пролет денеска го очекува нов натпревар од Супер-лигата, последен пред репрезентативната пауза во кој нашиот тим ќе му гостува на составот на Радовиш со почеток во 18 часот.

Радовишани се последни на табелата со само еден бод на своето салдо, но во таборот на Тинекс Пролет се свесни дека најголемата грешка што може да се направи е да се потцени противникот. Токму затоа, фокусираноста во текот на сите 60 минути ќе биде главен фактор за да се стигне до бодови на овој меч.

„Изгледот на табелата не е најреална слика за квалитетот на противникот. Имаме играно бројни незгодни средби на овој терен, знаеме дека во Радовиш може да се победи само ако се даде 100% од себе, така ќе биде случај и денеска. Точно е дека квалитетот е на наша страна, но тоа мора да се покаже и на теренот. Затоа, се ќе зависи од нас самите, ако одиграме како што знаеме ќе стигнеме до бодовите, но тоа во никој случај нема да биде лесно. Победата ни е неопходна за да фатиме приклучок во борбата за Топ 6, по серијата тешки средби што ги имавме ова ќе биде одлична можност за триумф и зголемување на самодовербата пред дуелот со Бутел кој ќе не очекува по репрезентативната пауза“, вели Ласко Андоновски, капитенот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести