Палевски: Алкалоид е фаворит, ние нема да се предадеме... Сигурен сум дека Тинекс Пролет ќе биде во Топ 6

Тинекс Пролет повторно има пред себе огромен предизвик, нашиот тим денеска со почеток во 18 часот во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречека составот на Алкалоид.

Станува збор за тим кој моментно е лидер на табелата, избраниците на Кире Лазаров не знаат за пораз од стартот на Супер-лигата, но тоа ќе биде само мотив повеќе за ракометарите на Александар Јовиќ да се прикажат во што подобро светло и без преголем резултатски притисок да се обидат да стигнат до изненадување.

„Пред нас е уште еден тежок натпревар по оној против екипата на Охрид. Алкалоид е екипа која атакува на шампионската титула, на хартија е фаворит против на, но ние нема да се предадеме така лесно. Секогаш играме поквалитетно на домашен терен, тоа ќе биде случај и денеска, ќе се обидеме да приредиме изненадување“, вели Давор Палевски, кој и сезонава е еден од најдобрите ракометари на Тинекс Пролет.

За левото крило нема сомнеж дека Тинекс Пролет поседува квалитет да се најде во плејофот, но Палевски е свесен и дека тимот веќе нема право на грешка.

„По овој дуел со Алкалоид ќе ни следи мечот со Радовиш на кој мораме да славиме, тоа е апсолутен приоритет. Јас сум сигурен дека ќе влеземе во Топ 6, знам дека имаме квалитет за такво нешто, но веќе немаме право на „кикс“, мораме да ги добиваме натпреварите со тимовите што реално се со послаб квалитет од нас. По тој дуел во Радовиш следи репрезентативната пауза, што ќе биде добредојдена за нас за максимално да се подготвиме за дербито со Бутел на домашен терен“, истакнува Палевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар14
2Алкалоид12
3Е. Пелистер9
4Бутел9
5Охрид9
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш4
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести