Пелистер беше пресилен ривал за Тинекс Пролет (30-21)

Тинекс Пролет го претрпе вториот пораз во оваа натпреварувачка сезона откако нашите ракометари вечерва беа поразени на гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер со резултат 30-21. Желбата за надигрување со актуелниот шампион експресно исчезна откако битолчани од самиот старт наметнаа темпо што избраниците на Јовиќ не можеа да го следат, практично за едно полувреме решавајќи го победникот.

Пелитер тргна фуриозно набрзина поведувајќи со 3-0, пред Василевски да го постигне првиот гол за Тинекс Пролет во седмата минута. Две минути подоцна истиот ракометар повторно стрелаше прецизно, но резултатот веќе беше 6-2 за противникот, а како што одминуваше времето, така и негативата се зголемуваше, па на одмор се замина со преубедливи 11 гола предност за „пелистерци“. Победникот беше решен, двајцата тренери изротираа дел од тимот, а на теренот во второто полувреме можеше да се проследи израмнета борба. Предноста на домашниот тим се движеше околу десет гола, Тинекс Пролет намали на 29-21 и имаше пенал на десет секунди до крајот, но истиот не беше реализиран, а Цехте на спротивната страна стави точка на мечот за конечни 30-21.

Димковски беше прв стрелец на Тинекс Пролет со шест гола (пет од нив во второто полувреме), пет постигна Шилегов, четири Василевски, а со три погодоци натпреварот го заврши Бахар.

Пеколната серија натпревари продолжува веќе в петок, кога Тинекс Пролет ќе му гостува на вицешампионот Вардар.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести