Василевски: Ќе ни треба поцврста одбрана за да го победиме Тиквеш

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска ги очекува нов предизвик, во првиот домашен меч од новата сезона во „Македонско Сонце“ во 19 часот ќе го пречека тимот на Тиквеш.

Дуелот се игра неколку дена подоцна поради обврските на гостите во европските купови, што им даде дополнителни неколку дена на тренерот Јовиќ и неговите ракометари максимално да се подготват со единствена цел - да стигнат до победата на денешниот дуел.

Тинекс Пролет во првото коло ремизираше на гостувањето против Прилеп, меч на кој блескаше левиот бек Александар Василевски со десет погодоци.

„Тоа беше добар натпревар во кој за жал не успеавме да стигнеме до цел плен. Почнавме одлично, но по оние плус пет како да дојде до мало опуштање што домашниот тим знаеше како да го искористи за да се врати во мечот. Во вториот дел се играше израмнето, можеше да се случи дури и да загубиме, така што ремито е можеби и најреален исход ако се земат во предвид случувањата на теренот“, изјави Василевски.

Тој е оптимист дека Тинекс Пролет денеска против Тиквеш ќе се покаже во подобро светло и ќе се израдува на првата новосезонска победа.

„Тиквеш е поквалитетен тим од Прилеп ако се земат во предвид играчите кои настапуваат за кавадаречкиот клуб. Играат со поголем интензитет и јасно ни е дека нема да имаме нималку лесна задача. Веруваме во себе и знаеме дека ако одиграме како што треба можеме да стигнеме до посакуваната победа, но многу важно ќе биде да ја кренеме одбраната. Оние 30 гола што ги примивме во Прилеп се недозволиви, мораме да го спуштиме противникот на максимум 25 постигнати погодоци. Цврстата одбрана е наш заштитен знак и мораме да влеземе во тој ритам и на стартот од оваа сезона, почнувајќи токму од денешниот меч“, истакнува Александар Василевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести