Триумф над Бисинов како увертира за новата сезона (26-20)

Ракометарите на Тинекс Пролет во меч со квалитетна одбрана стигнаа до триумф на контролата против Бисинов Фрут Ленд од Велес со резултат 26-20. Овој дуел беше нова можност за тренерот Јовиќ да ги види на дело сите ракометари, кои ја креваат формата како што се ближи почетокот на новата суперлигашка сезона.

Првото полувреме мина во подобро издание на Тинекс Пролет, избраниците на Јовиќ имаа и пет гола предност, за пред крајот на полувремето гостите од Велес со мини-серија да се вратат и на одмор да се замине со само еден гол позитива за Пролет (14-13).

Цврстата одбрана беше заштитен знак и во вториот дел во кој на голот застана Даскалоски на местото на Петковски, кој исто така бранеше одлично во првите 30 минути. Искусниот чувар на мрежата им создаде многу проблеми на велешани во второто полувреме, гостинскиот состав успеа да постигне само седум погодоци, па Тинекс Пролет заслужено го доби овој меч со шест гола предност (26-20).

Ова беше успешна увертира пред официјалниот старт на сезоната, ако се знае дека за Пролет денешниот меч беше последен пријателски дуел до првото коло на Супер-лигата и гостувањето во Прилеп закажано за 7 септември.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид2
2Алкалоид2
3Е. Пелистер2
4Бутел2
5Бисинов2
6Пролет1
7Прилеп1
8Вардар0
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести