Тинекс Пролет ги почна подготовките за новата сезона

Шефот на стручниот штаб Александар Јовиќ ја одржа првата прозивка, со која беше означен и стартот на подготовките на РК Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона.

На првиот тренинг беа присутни и четирите засилувања: Стојчевиќ, Даскалоски, Шилегов и Глигоров, од кои се очекува да дадат значаен придонес за остварување на зацртаните цели во новата суперлигашка сезона.

Предвидено е подготовките да се одвиваат во Скопје, под водство на тренерот Јовиќ и неговиот стручен штаб ќе се работи по два пати дневно, а ќе следат и пријателски средби со кои ќе се темпира формата за стартот на сезоната закажан за почетокот на септември. Досега се договорени и пријателски натпревари со Вардар и со Алкалоид, а во наредниот период се очекува да бидат договорени уште неколку контролни средби.

Воедно, тренериот на првиот тим Александар Јовиќ ќе го преземе и раководењето на кадетската екипа, која ќе се натпреварува и во кадетскиот и во младинскиот шампионат на Македонија во наредната сезона. Клупската легенда Илија Темелковски во иднина ќе ја извршува функцијата координатор на сите младински категории во младинската школа на РК Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести