Доброто прво полувреме недоволно за позитивен резултат во Кавадарци (29-25)

Тинекс Пролет не успеа да направи изненадување на гостувањето во Кавадарци, губејќи со 29-25 на дуелот со Тиквеш во рамките од претпоследната рунда од плејофот во ракометниот шампионат. Во првото полувреме не само што бевме рамноправни, туку во големи периоди и го контролиравме резултатот, но големиот пад во вториот дел придонесе на крајот да се забележи уште еден гостински пораз.

Почетокот мина во израмнета борба во која кавадарчани имаа минимална предност. По промашениот пенал на Палевски тимот на Тиквеш поведе со 6-4, по што Пролет заигра далеку подобро и го сврте резултатот во своја полза. По 7-5 за Тиквеш следеше серија од пет гола за избраниците на Александар Јовиќ, кои набрзина поведоа со 7-10. Тинекс Пролет имаше и 8-11 и 9-12, но пред крајот на првото полувреме дојде до пад во концентрацијата што кавадарчани го искористија за да направат нов пресврт и на одмор да заминат со водство од 17-16.

Клучен за конечниот исход беше катастрофалниот старт на второто полувреме откако Тиквеш набрзина постигна четири гола и зголеми на „плус пет“ (21-16). Палевски го постигна првиот гол за Пролет во осмата минута од второто полувреме, но Тиквеш продолжи да доминира, поведувајќи и со десет гола предност (29-19). Скопскиот тим предоцна се разбуди, постигна шест гола до крајот на мечот, не примајќи ниту еден, што беше доволно само за пристоен пораз, изразен со конечните 29-25.

Василевски, Петковски и Андоновски беа најефикасни со по четири погодоци во таборот на Тинекс Пролет, а по три постигнаа Палевски и Арсеновски.

До крајот на сезоната ни претстои само уште еден меч, оној на домашен терен против екипата на Струга,

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести