Тинекс Пролет му гостува на тимот на Охрид

Настапот на Тинекс Пролет во ракометниот плејоф на Македонија продолжува со денешното гостување во Охрид (19 часот, сала „Билјанини Извори“). Станува збор за ривал со кој одигравме одличен меч и несреќно загубивме на првиот дуел во Скопје, игра што избраниците на Александар Јовиќ ќе се обидат да ја повторат и на денешниот меч во Охрид.

Пеколниот ритам на натпревари придонесува се потешко да се издржат 60 минути во ист ритам, но токму тоа ќе биде неопходно за да се прикаже добра игра и да се обиде да се стигне до изненадување против тимот предводен од Стевче Алушовски.

„Свесни сме со каков противник се соочуваме, Охрид е тим што игра значително подобро пред своите навивачи, што дополнително ќе ни ја отежни задачата. Немаме резултатски притисок, но од друга страна сакаме да се прикажеме во што подобро светло во преостанатите натпревари оваа сезона. Клучна ќе биде дисцплината во нападот, ако успееме да одиграме квалитетно од овој аспект и да го намалиме бројот на лесни погодоци на противникот, може да се надеваме на добар меч“, истакнуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот натпревар.

По овој дуел, Тинекс Пролет до крајот на сезонава го очекуваат уште две средби, гостување во Кавадарци против Тиквеш и домашен натпревар со Струга.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид4
2Алкалоид4
3Е. Пелистер4
4Прилеп3
5Бутел2
6Вардар2
7Бисинов2
8Пролет1
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести