Пораз од шампионот Еурофарм Пелистер (27-36)

Тинекс Пролет не успеа да направи подвиг на денешниот дуел со Еурофарм Пелистер што тимот на Александар Јовиќ го загуби со резултат 27-36. Нашата екипа одигра квалитетно прво полувреме во кое во големи делови целосно му парираше на актуелниот шампион, но големиот пад во вторите 30 минути придонесе гостите на крајот да слават преубедлива победа.

Мечот почна со рано водство на битолчани од 1-4, откако гостинскиот тим знаеше како да го искористи исклучувањето на Дејан Пецаковски. Тинекс Пролет не се откажа, Доне Мајнов постигна три гола во почетните десет минути, па домашниот состав експресно се врати во натпреварот. Нападот доби на сигурност и се полесно се наоѓаше патот до мрежата на гостинскиот состав, па Тинекс Пролет за момент и стигна до водство од 9-8. „Пелистерци“ набрзина поведоа со 9-10, а потоа пред крајот на полувремето со голот на Филип Кузмановски на одмор заминаа со предност од 13-15. 

Само десетина минути траеше отпорот на Пролет во второто полувреме. Негативата изнесуваше два гола до 17-19, по што гостите од Битола со брза серија од 1-5 успеаја да се одлепат и да поведат со 18-24. Победникот практично беше решен, а Пролет и покрај обидите не успеа посериозно да ја намали негативата,што актуелниот првак во финишот ја зголеми до конечните „плус девет“.

Димковски одигра одличен меч за Тинекс Пролет со осум погодоци против шампионот, пет постигна Мајнов, а по четири Арсеновски и Палевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести