Јовиќ: Алкалоид е идеален ривал за да се претставиме во добро светло

Пеколниот ритам на натпревари во ракометниот плејоф продолжува и денеска, кога екипата на Тинекс Пролет ја очекува нов сериозен предизвик, гостување против актуелниот вицешампион Алкалоид (20 часот, сала Автокоманда).  

Тинекс Пролет викендов во Струга стигна до првата гостинска победа во плејофот оваа сезона, нема дилема дека избраниците на Јовиќ ќе се обидат да се надоврзат на тој триумф и со добро издание против силниот состав на Алкалоид. За тренерот Јовиќ клучно е да се одржи нивото на игра во текот на сите 60 минути и да се намалат осцилациите што тимот ги покажуваше на последните средби.

„Во последните две рунди игравме егал меч со Тиквеш што несреќно го загубивме, по што следеше и победата во Струга. Како тренер не можам да сум задоволен од фактот дека имаме сериозни падови во периоди на играта, јас знам дека овој тим на Пролет може да игра уште подобро, но важно е да се избегнат осцилациите. Верувам дека мојот тим може да игра поквалитетен ракомет и сите заедно се стремиме кон тоа“, истакна Јовиќ.

Тој има високо мислење за денешниот ривал кој ќе ја има улогата на фаворит, но Јовиќ очекува квалитетно издание од своите избраници.

„Мислам дека дуелот со Алкалоид е одлична можност да го покажеме нашето вистинско лице. Против себе имаме ривал што го почитуваме, екипа со многу репрезентативци која ќе биде фаворит. Сепак, тоа не значи ништо, треба да се излезе на терен и да се одигра квалитетен меч. Противникот го краси брза игра со квалитетна транзиција, ќе мораме да внимаваме на тој дел“, порача стратегот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести