Последните пет минути пресудија: Пораз по пресврт од Тиквеш

Во главно израмнет натпревар, но со пад во играта во последните пет минути од средбата Тинекс Пролет запиша пораз од Тиквеш од 23-26 (10-12) во шестиот натпревар од ракометниот плејоф во Суперлигата на Македонија.

А, ракометарите на Тинекс Пролет убаво го почнаа натпреварот низ максимално изедначен ритам со гостите, главно во игра гол за гол. Во 20. минута нашите ракометари имаа водство од 8-7, но потоа во последните десет минути од првото полувреме следеше серија од 2-5 на гостите за предност на полувремето од 10-12.

Во второто полувреме далеку поагресивна игра на избраниците на Александар Јовиќ, па сето тоа резултираше со брзо анулирање на предноста на гостите од Кавадарци и веќе во 39. минута, Тинекс Пролет имаше водство од 15-14.



Продолжи одличната игра во нападот и во 47.минута Тинекс Пролет дојде до предност и од 19-17. Но, кога се очекуваше продолжување во исто темпо, следеше пад на играта и кавадарчани на пет минути пред крајот дојдоа повторно до водство од два гола разлика, 21-23. Гостите на две минути пред крајот запишаа предност и од 22-25, за да на крај заокружат за конечен триумф од 23-26.



Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Ласко Андоновски со пет погодоци, а Виктор Додевски го заврши мечот со четири постигнати гола. Димковски и Василевски постигнаа по три погодоци. Кај Тиквеш се издвои Мартин Манасков со осум гола, а Темелкоски постигна седум погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести