Василевски: Со дисциплиниран напад до позитивен резултат против Тиквеш

Тинекс Пролет денеска од 18 часот со домашниот натпревар против екипата на Тиквеш во спортската сала „Македонско Сонце“ продолжува со настапите во ракометниот плејоф на Македонија.

Кавадарчани по позитивните свои изданија во плејофот доаѓаат во Скопје желни за бодови, но факт е дека и во редовите на нашиот тим постои максимална мотивација за вистинско надигрување со противникот.

„Веруваме во себе, добро работевме и убеден сум дека ќе бидеме достоен ривал на Тиквеш. Има и тоа како сериозен квалитет во нас, играме посебно добро на домашен терен и јасно е дека на секој противник му е тешко против нас во салата 'Македонско Сонце'. На Куп средбата со Голден Арт имавме мало опуштање, не влеговме во мечот како што знаеме и бевме казнети. Но, денеска верувам ќе се претставиме во вистинско светло“ - вели левиот бек на Тинекс Пролет, Александар Василевски.

Според него, Тиквеш е серизен противник, но со сериозен пристап на натпреварот секако реален е позитивен резултат.

„Тиквеш е квалитетен тим, главна одлика им е цврстата одбрана од која произлегуваат лесни голови од контранапади. Затоа ќе мора да бидеме дисциплинирани во нападот“ - дополнува Василевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести