Палевски: Цврстата одбрана е рецепт за победа над Бутел

Тинекс Пролет со денешниот дуел на домашен терен против Бутел (18.30 часот) ги продолжува настапите во плејофот, во обид во третата рунда да се стигне и до првата победа во разигрувањето за највисок пласман во македонскиот шампионат. Првите два пораза беа очекувани ако се знае дека противници беа Алкалоид и Вардар, но убедливиот неуспех против „црвено-црните“ беше причина за дополнителна работа на тренинзите, се со цел формата да се крене на едно повисоко ниво за дуелот со Бутел.

„Бутелци“ се ривал што е добро познат за Тинекс Пролет, со овој тим традиционално во последните години играме низа неизвесни и возбудливи натпревари, па се очекува истото да биде случај и вечерва. Последниот меч со скопскиот противник го одигравме на 13 декември, кога успеавме да славиме со 22-20 и со тој триумф да го запечатиме пласманот во плејофот.

„Имаме одиграно толку многу средби со Бутел во последните години што навистина добро се познаваме. Знаеме што е најважно за да се совлада овој ривал, тоа е цврстата одбрана што мора да се издржи во текот на сите 60 минути. Мораме да бидеме фокусирани, да ги запреме во нивните обиди за брзи голови од кои знаат да бидат многу опасни. Исто така, важно е да сме дисциплинирани во нападот, да го сведеме на минимум бројот на загубени топки, нешто што Бутел редовно го казнува против сите противници. Работевме напорно во последните денови, добро сме подготвени и верувам дека на крајот ќе се радуваме на победата“, изјави Давор Палевски, еден од најефикасните ракометари на Тинекс Пролет и во оваа натпреварувачка сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести