Немоќни против силниот Вардар (32-18)

Тинекс Пролет го прептре и вториот пораз во овосезонскиот плејоф откако нашиот тим вечерва на отворањето на второто коло загуби на гостувњето против Вардар со убедливи 32-18. Наспроти обидите за посериозен отпор против фаворитот, „црвено-црните“ сепак се покажаа како пресилен ривал кој не дозволи ниту за момент да се понадеваме на изненадување на натпреварот.

„Вардарци“ тргнаа моќно, па предводени од Ѓукиќ и од Јагуриновски набрзина поведоа со 5-1. Убедливото водство траеше до 8-4, кога Тинекс Пролет ги одигра најдобрите минути на натпреварот и ја преполови негативата на 11-9. Сепак, пред самиот крај на полувремето следеше серија од 5-0 на Вардар, по што „црвено-црните“ на одмор заминаа со убедливи 17-11.

Серијата на „вардарци“ продолжи и на самиот стартот од второто полувеме, окако по четирите погодоци во серија домаќините поведоа со 21-11. Следеше период на израмнета игра на двет страни, разликата се движеше меѓу осум и десет погодоци, за Вардар фуриозно да го заврши мечот со пет гола во низа и да триумфира со преубедливи „плус четиринаесет“.

Филип Арсеновски беше најефикасен со шест постигнати погодоци, три постигна Василевски, а по два гола реализираа Крстески и Мајнов.