Пораз на последната контрола пред плеј-офот

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз на денешниот дуел со Вардар од 21-25, на последната контрола што нашиот тим ја одигра во пресрет на почетокот на плејофот закажан за наредниот викенд. Избраниците на Александар Јовиќ покажаа далеку поголема борбеност и карактер во однос на последниот меч со Голден Арт, сосема солидно парираа, но не можеа да приредат изненадување против фаворитот.

Првите дваесетина минути од денешната контрола минаа во целосно израмнета игра, но Вардар успеа да се одлепи пред самиот крај на полувремето и на одмор да замине со предност од 13-10. Тинекс Пролет не се предаде, одигра квалитетно и во вториот дел, голманите беа на висина на задачата, но и тоа не беше доволно за да се стигне до подвиг.

На четирите контролни средби одиграни во последните петнаесетина дена Тинекс Пролет забележа една победа и три порази. Сепак, прикажаната игра на денешниот дуел дава причина за оптимизам дека избраниците на Јовиќ максимално подготвени ќе го дочекаат плејофот.

За потсетување, плеј-оф натпреварувањето ќе стартува наредниот викенд, а Тинекс Пролет во првото коло ќе се сретне со вицешампионот Алкалоид.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести