Слабо издание и пораз на вториот тест со Голден Арт (27-30)

Тинекс Пролет претрпе пораз на вториот контролен натпревар што го одигра против Голден Арт, губејќи на теренот на противникот со резултат 27-30. За разлика од првиот меч на кој Тинекс Пролет беше подобар ривал и заслужено триумфираше, овојпат избраниците на Јовиќ одиграа под посакуваното ниво и претрпеа пораз, како јасен знак дека стручниот штаб и екипата ги чека уште многу работа до стартот на плејофот.

Слабата одбрана беше главен проблем во првото полувреме во кое противничките ракометари премногу лесно ја пробиваа зоната на Тинекс Пролет и ја наполнија мрежата, по што на одмор се замина со предност на Голден Арт од 17-15. Избраниците на Јовиќ се разбудија на стартот од второто полувреме, дури успеаја и да го свртат резултатот во своја полза, но потоа следеше нов пад во ритамот и интензитетот, што беше искористено од страна на противникот кој стигна до заслужена победа.

Тинекс Пролет ќе заврши со контролните натпревари во пресрет на вториот дел од сезоната со гостување против Вардар, меч што ќе биде одигран кон крајот на следната седмица на теренот на „црвено-црните“.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести