Победа на тест-мечот со Голден Арт (29-27)

Тинекс Пролет ја забележа првата победа во подготовките за плејофот откако вечерва по голема борба славеше над составот на Голден Арт со 29-27. Дуелот меѓу скопските ривали беше добра можност за двајцата тренери да им дадат шанса на сите ракометари, а поумешни на теренот беа избраниците на Александар Јовиќ, кои на крајот заслужено се радуваа на победата.

Првото полувреме мина во подобра игра на Тинекс Пролет, нашиот состав го контролираше резултатот и на одмор заслужено замина со предност од два гола (14-12). До неочекуван пресврт дојде на почетокот од вториот дел, кога Голден Арт заигра одлично и за краток период не само што ја стигна негативата, туку и поведе со четири гола предност. Сепак, Јовиќ знаеше како да го врати својот тим во ритам, Тинекс Пролет се разбуди во вистински момент, повторно го сврте резултатот во своја полза и на крајот заслужено триумфираше.

Следниот пријателски натпревар на Тинекс Пролет е повторно против Голден Арт, што ќе се игра в сабота на теренот на противникот.