Распоред за плејофот: Тинекс Пролет почнува со Алкалоид, завршува со Струга

Вицешампионот Алкалоид ќе биде прв ривал на Тинекс Пролет во рамките од плејофот, што ќе стартува во февруари 2024 година, беше одлучено со денешната ждрепка извршена во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Стартот ќе биде пеколен за тимот на Александар Јовиќ, ако се знае дека во првите четири кола ќе се сретнат со трите ривали за титулата (Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер), по што ќе следат и пресметки со Охрид, Тиквеш и со екипата на Струга.

Тинекс Пролет не пренесува бодови во плејфот, но целта на тимот е јасна, со добри игри пред се на домашен терен да се стигне до што подобар пласман на табелата.


РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

1. коло: Тинекс Пролет - Алкалоид

2. коло: Вардар - Тинекс Пролет

3. коло: Тинекс Пролет - Бутел

4. коло: Е. Пелистер - Тинекс Пролет

5. коло: Тинекс Пролет - Охрид

6. коло: Тинекс Пролет - Тиквеш

7. коло: Струга Тинекс Пролет

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести