Христијан Петковски, ново име во Тинекс Пролет

Христијан Петковски од денеска е нов член на Тинекс Пролет откако перспективниот тинејџер го стави потписот на договорот со нашиот клуб.

Станува збор за 19-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек, а доаѓа во таборот на Тинекс Пролет од редовите на Мулти Есенс. Овој перспективен млад играч ќе тренира со првата екипа и ќе се обиде да се наметне кај тренерот Александар Јовиќ за настап на натпреварите во вториот дел од сезоната, во кој Тинекс Пролет ќе биде дел од плејоф разигрувањето.

За нашиот клуб веќе настапува братот на Христијан, Андреј Петковски, кој неколку години наназад ја чува мрежата на Тинекс Пролет. 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести