Андоновски: Квалитетот да го покажеме на терен, со новиот тренер до нова победа

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска ги очекува нов предизвик, гостување против новиот суперлигаш Мулти Есенс (сала „Автокоманда“, 15 часот). Ова е натпревар на кој на клупата на Тинекс Пролет ќе дебитира новиот тренер Александар Јовиќ, а сите во тимот се подготвени да дадат свој придонес за да се стигне до нова победа со која ќе биде направен уште еден чекор напред кон пласман во плејофот.

Првиот дуел меѓу овие две екипи заврши со рутинска победа на Тинекс Пролет од 32-27, издание што избраниците на Јовиќ ќе се обидат да го повторат и попладнево на гостински терен.

„Работевме напорно оваа седмица, се вратија дел од повредените ракометари, а доаѓањето на тренер како Александар Јовиќ само дополнително ја крена атмосферата во нашите редови. Мулти Есенс е тим што го почитуваме и свесни сме дека мораме да одиграме максимално од првата до последната минута. Искуството и квалитетот е на наша страна, но тоа мора да се докаже на терен. Местото на Пролет е во плејофот, се наоѓаме многу блиску, но токму затоа не смееме да дозволиме да бидеме непријатно изненадени. Фокусирани сме на завршницата од овој дел од сезоната и оптимист сум дека ќе славиме против Мулти Есенс, а потоа и на наредните средби со директните ривали за што подобар пласман“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести