Александар Јовиќ, нов тренер на Тинекс Пролет

Александар Јовиќ е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет откако денеска и официјално беше потпишан договорот за соработка со овој успешен стратег, кој во иднина ќе го води нашиот тим. Како управа не брзавме со изборот на нов тренер по заминувањето на Лембанов, се со цел да го направиме најдобриот можен избор за РК Тинекс Пролет, во што на крајот и успеавме.

Јовиќ е долгогодишен македонски ракометен репрезентативец, кој по завршувањето на играчката има и успешна тренерска кариера. Тој ја заврши ланската сезона како шампион на Македонија на чело со Еурофарм Пелистер, а добро познати се неговите квалитети и кога станува збор за работата со младите ракометари, нешто по што беше препознатлив и во Металург и во Еурофарм Пелистер 2.

„Презадоволни сме што можеме да ја официјализираме соработката со Александар Јовиќ, идеален тренер за Тинекс Пролет. Говориме за стратег кој до пред еден месец беше дел од Лигата на Шампионите, а од денеска ќе почне со работа во нашиот клуб. Тој работи исклучително добро и со младите ракометари помагајќи им да напредуваат во кариерата, што исто така е многу значајно за нашиот клуб. Не се сомневаме дека донесовме вистински избор со ангажманот на овој врвен стручњак со кого Тинекс Пролет уште повеќе ќе напредува“, изјави директорot на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести