Темелковски: Вардар е фаворит, но сакаме да се претставиме во добро светло

Репрезентативната пауза е зад нас, а Тинекс Пролет денеска се враќа во натпреварувачки ритам со дуелот на домашен терен против екипата на Вардар (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“). Дуелот со „црвено-црните“ доаѓа во тежок момент поради отсуството на неколку искусни првотимци, па тренерот Илија Темелковски се соочува со сериозен предизвик, да состави тим што би можел солидно да му парира на Вардар на денешниот дуел. 

Фаворитската улога е препуштена на градскиот ривал, а желба на сите во таборот на Тинекс Пролет е тимот да се прикаже во што подобро светло пред наредните дуели со Мулти Есенс и со Голден Арт.

„Не е тајна дека Вардар е фаворит, говориме за тим кој е составен од квалитетни ракометари кои играат на највисоко ниво оваа натпреварувачка сезона. Илузорно е да кажеме дека ќе ги изненадиме, ние дефинитивно ќе се обидеме да го сториме тоа, но со оглед на отсуствата на дел од играчите шансите за тоа се навистина минимални. Не велам дека ќе се откажеме, наша цел е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме, да му парираме на противникот што подолг период. Клучно ќе биде да не губиме топки во нападот и да дозволуваме лесни голови на спротивната страна, да одиграме добро и дисциплинирано, како во нападот, така и во одбраната“, изјави Темелковски, кој по триумфот во Прилеп денеска повторно ќе го води тимот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести