Прекината соработката со тренерот Лембанов

Ракометниот клуб Тинекс Пролет објавува дека спогодбено е прекината соработката со нашиот досегашен шеф на стручниот штаб, Алексо Лембанов, прифаќајќи ја неговата оставка поднесена по поразот од Вардар Неготино пред две седмици.

Овој стручњак мина неколку години во Тинекс Пролет, најпрвин работејќи со младите категории како помошник во стручниот штаб, а во последните две години беше и прв тренер на нашиот клуб. Изразуваме благодарност до Лембанов за професионалниот ангажман во целиот период во кој беше дел од Тинекс Пролет и му посакуваме многу среќа во иднина.

Функцијата ВД-тренер ќе ја извршува Илија Темелковски, под чие водство екипата успеа да слави во Прилеп, а клубот во меѓувреме ќе биде во интензивна потрага по долгорочно решение за функцијата шеф на стручниот штаб.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести