Лошо издание и неочекуван пораз во Неготино (24-22)

Тинекс Пролет неочекувано го претрпе и четвртиот пораз во рамките од Супер-лигата, откако загуби на гостувањето против Вардар Неготино со резултат 24-22. Избраниците на Лембанов најверојатно помислија дека по лесната победа во Скопје повторно рутински ќе го добијат овој ривал, но недоволната фокусираност и потценувањето на противникот беа скапо платени, па Вардар Неготино заслужено стигна до победата.

Домашниот голман Мицев од самиот почеток блесна со неколку интервенции, меѓу нив и запрен пенал на Пецаковски, не дозволувајќи Тинекс Пролет да се одлепи иако Вардар Неготино во првите осум минути не успеа да псотигне гол. Мечот беше израмнет, со многу грешки на двете страни, па гостинскиот тренер Лембанов побара тајмаут при 4-4, на половина од првото полувреме. Вардар Неготино прв стигна до плус два на мечот (7-5), пред се благодарение на одличниот голман Мицев, кој ја продолжи серијата одлични интервенции од почетокот на натпреварот. Гостинскиот капитен Андоновски успеа да го врати Пролет во ритам и донесе израмнување од 9-9, a на одмор се замина со 11-11, откако во последната минута најпрвин стрелаше Палевски, а потоа и домашниот ракометар Кузманов, по неспретната интервенција на голманот Михаљевиќ.

Второто полувреме беше израмнето во првите десетина минути, но домаќините како што одминуваше времето се повеќе добиваа на самодоверба, додека нервозата се одразуваше врз играта на Тинекс Пролет. Вардар Неготино со два гола од контранапад поведе со 24-22 на десет минути до крајот, а пред крајот имаше и три гола предност (22-19). Тинекс Пролет се приближи до 23-22, имаше и напад за израмнување со играч повеќе во последнатља минута, но одигра многу лошо во таа акција, по што домаќините со гол во завршните секунди стигнаа до конечен триумф од 24-22.

Давор Палевски беше единствениот расположен за игра во Тинекс Пролет со 12 постигнати погодоци, а меѓу стрелците се запишаа само уште Арсеновски (четири), Андоновски (три), Димов (два) и голманот Михаљевиќ, кој постигна еден погодок.