Вардар беше пресилен ривал за Тинекс Пролет (31-20)

Тинекс Пролет го претрпе првиот пораз во новата сезона од ракометната Супер-лига откако нашиот тим попладнево загуби на гостувањето против Вардар со резултат 31-20. „Вардарци“ се покажаа во одлично светло и наметнаа темпо што избраниците на Лембанов не можеа да го следат, заслужено стигнувајќи до бодовите.

Проблемите се појавија уште од самиот почеток, кога стана очигледно дека Тинекс Пролет ќе има проблем да ја разбие цврстата одбранбена зона на противникот. Вардар првпат се одепи резултатски на 8-3, Тинекс Пролет одговори со два гола во низа, но по исклучувањето на Димковски на средина од првото полувреме следеше серија од 4-0 на противникот и водство од убедливи 12-5. „Вардарци“ продолжија да ја контролираат играта до самиот крај на полувремето, на одмор заминувајќи со резултат 16-8.

Второто полувреме почна со нешто подобра игра на Тинекс Пролет, кој преку Арсеновски и Кочаров намали на 16-10. Сепак, јасно беше дека нема сили за посериозен камбек бидејќи Вардар набрзина се консолидираше, рутински ја одржуваше предноста, па пред крајот на мечот стигна и до двоцифрена позитива, на крајот добивајќи го овој натпревар со 31-20.

Василевски и Мајнов постигнаа по четири, а Арсеновски и Стојановски по три погодоци во денешниот натпревар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести