Тинекс Пролет ги почна подготовките за новата сезона

Екипата на Тинекс Пролет со денешниот тренинг го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која нашиот тим влегува со исти амбиции, најпрвин влез во плејофот, а потоа и борба за место кое води во ракометна Европа.

На првата прозивка на тренерот Лембанов присуствуваа сите ракометари, вклучувајќи ги и новите засилувања на тимот, Стефан Кочаров, Филип Арсеновски и Антонио Николовски.

Предвидено е тимот да тренира по два пати дневно, потврдено е учеството на Тинекс Пролет на турнирот во Прилеп, а наскоро ќе бидат договорени и преостанатите пријателски натпревари во овој подготвителен период.



Тинекс Пролет во првото коло од новата сезона, на почетокот од месец септември ќе го пречека составот на Вардар Неготино.